Top Sport

Дејли Блинд се враќа во Ајакс

Манчестер јунајтед се договорија со Ајакс за трансфер на холандскиот интернационалец Дејли Блинд за 14.1 милиони фунти, потврди премиерлигашот.

28-годишниот Блинд е фудбалер на школата на Ајакс, а во Јунајтед дојде во 2014 година, иако под Жозе Мурињо не добиваше многу шанси за игра. Блинд, кој игра на повеќе позиции во одбраната и средниот ред, има 54 настапи за холандската репрезентација.

Тој со Јунајтед го освои ФА купот во 2016, како и Лигата Европа и Лига купот минатата сезона, но не беше во составот во поразот од Челси во финалето на ФА купот оваа сезона.

„Дејли е фантастичен фудбалер, кој може да биде лев бек, дефанзивен играч од средниот ред, а покажа што знае за Манчестер јунајтед и за холандската репрезентација“, вели Едвин ван дер Сар, извршниот директор на Ајакс и исто така поранешен голман на Манчестер јунајтед.

Фото: ЕПА

Scroll to Top