Рос Баркли (25), во Челси има неделна плата од 100.000 евра, а во Лондон предизвикал скандал откако не сакал да плати такси-возење. За да наплати таксистот побарал полициска помош.
Очевидци рекле дека Баркли бил пијан и направил хаос во црниот автомобил, истурил чипс по подот, а потоа одбил да ја плати сметката, тврдејќи дека нема кеш кај себе. Очевидците на медиумите им раскажале дека Баркли бил толку пијан што не можел да стои.
По расправата со англискиот репрезентативец таксистот повикал полиција.
Полицјците го однеле Баркли до најблискиот банкомат, да извади пари, а потоа тој ја платил сметката.