Top Sport

„Погба е проблемот, навивачите повеќе не го сакаат“

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Петер Шмајхел, смета дека формата на Пол Погба е причината за лошите резултати на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед синоќа ремизираа со Арсенал (1-1) и стигнаа до деветтиот бод во сезоната и скромната десетта позиција на табелата.

„Погледнете како игра тимот кога е Погба на теренот, колку се бавни…Во првите 25 минути против Арсенал тој константно ја враќаше топката назад, а тоа е разочарувачки за играч со неговите квалитети“, рекол Шмајхел.

„Делува како Погба да е „проблематичното дете“ во тимот. Не велам дека се прави погрешно, но не мие јасна неговата улога во тимот. Шгто направил досега тој за оваа екипа?“.

Погба пропушти неколку натпревари поради повреда, досега одиграл шест натпревари без да постигне гол.

„Никој од навивачите не е задоволен, 75.000 луѓе на „Олд Трафорд“ не се среќни од она што го прикажува. Се забележува дека луѓето повеќе не го сакаат Погба бидејќи ништо не направил за тимот“, заклучил Шмајхел.

Scroll to Top