Top Sport

Баркола го пропушта четвртфиналето од Лигата на шампионите

Бредли Баркола блескаше во осминафиналните натпревари од Лигата на шампионите против Челзи, постигна по еден гол во натпревари за ПСЖ. Актуелните европски шампиони со вкупен резултат 8:2 се пласираа во четвртфиналето.

По реваншот во Лондон, во вторникот вечерта, лоши вести доби тренерот Луис Енрике. Баркола нема да игра во четвртфиналето против Ливерпул. Поради повреда тој ќе отсуствува неколку недели. Барокла ги повреди лигаментите на глуждот.

Ова не е прв пат францускиот репрезентативец да се повреди оваа сезона. Имаше проблем со грбот, но тоа беше многу помала повреда и беше отсутен само неколку дена.

Далеку поголем проблем е што Баркола влезе во одлична форма откако постигна по гол во пет од последните шест натпревари на ПСЖ во сите натпреварувања.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');