Top Sport

Нов пораз на Металург во ЛШ, Татран пресилен во Скопје

Металург го забележа и третиот пораз во третиот меч од Лигата на шампионите, откако во Скопје, словачкиот Татран Прешов стигна до 29:24 победа, со која се убедливи на врвот на групата Ц.

Во необичен амбиент во „Јане Сандански“, македонскиот вице-шампион имаше сили за само едно добро полувреме, откако го одржаа противникот на само еден гол разлика (12:13), но потоа во второто, словачкиот тим ја направи клучната предност и не му даде шанса на Металург за кам-бек.

Халил Јагањац, Марио Танкоски и Мартин Серафимов имаа по пет погодоци за тимот на Данило Брестовац, додека кај гостите најрасположен за игра беше Хрватот Анте Бабиќ со шест гола.

Во другите денешни мечеви, Целје со 23:20 го победи германскиот фаворит Флензбург, ПИК Сегед извлече тешка 32:31 победа на гости кај Мотор, додека Нант на Кирил Лазаров ја продолжи одличната форма со убедлива 35:27 победа над данскиот Скјерн.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Целје – Флензбург 23:20 (10:11)

Металург – Татран Прешов 24:29 (12:13)

Мотор – ПИК Сегед 31:32 (13:19)

Нант – Скјерн 35:27 (17:16)

Scroll to Top