Top Sport

Барнли го доби дербито на давениците, Норич испаднаа од Премиер лигата

Барнли заблежа важна победа во борбата за опстанок, во Премиер лигата. Барнли славеа победа, со пресврт, кај директниот конкурент Вотфорд. Вотфорд заедно со Норич веќе немаат шанси да изборат опстанок.

Барнли, во финишот на натпреварот во Вотфорд, забележаа значајна победа. Два гола постигнаа играчите на Барнли во 83. и 86.минута преку Корк и Браухил. Претходно Вотфорд водеа со авто-голот на Тарковски.

Норич гостуваа во Бирмингем кај Астон Вила, доживеаја минимален пораз. Оли Воткинс го постигна единствениот гол во 41.минута.

Брајтон забележаа убедлива победа кај Вулверхемптон. Мекалистер, Тросар и Бисума ги постигнаа головите во победата 3:0.

Гостинска победа запиша и Кристал Палас. Со голот на Заха во 94.минута, Палас славеа над Саутемптон со 2:1.

Scroll to Top