Барнли и Шефилд јунајтед одиграа 1:1, со што гостите ги намалија своите реални шанси за пласман во Лигата на шампионите, останувајќи девет поени зад четвртопласираниот Челси на само пет кола пред крајот на шампионатот.
Џејмс Тарковски во 43. минута беше побрз од одбраната на Шефилд по еден слободен удар за да ги донесе Барнли во водство, додека гостите дури во 80. минута израмина преку Џејмс Иган.
Шефилд јунајтед сега се осми со 48 поени, додека Барнли се деветти со 46 поени.