Top Sport

Шест Ф1 возачи не клекнаа за „Black Lives Matter“ (видео)

Стартот на Формула 1 сезоната со Австриското ГП во Шпилберг започна со гест на сите 20 возачи во поддршка за борбата против расизмот, но шест возачи одбија да застанат на едно колено во поддршка на движењето „Black Lives Matter“, откако не успеаја да стигнат до компромис на состанокот на возачите.

Макс Ферстапен, Антонио Џовинаци, Данил Квјат, Карлос Саинс Јуниор, Шарл Леклер и Кими Раиконен, решија да стојат поради сопствени причини, иако сите возачи носеа маички со порака за „Крај на расизмот“.

Scroll to Top