Менаџерот на Барнли, Шон Дајч вели дека сеќавањето на продажбата на нивниот фудбалер Чарли Остин за да се плати струјата за „Турф мур“ стадионот ќе го „приземјат“ неговиот тим откако тие се искачија на шестото место во Премиер лигата.
Барнли, кои лани завршија на 16. место, сега се наоѓаат на неочекуваното шесто место, меѓу Ливерпул и Тотенхем, гигантите на англискиот тим. Но, Дајч вели дека нема да се „занесуваат“ откако во 2013 му дозволија на Остин да замине во Квинс Парк Ренџерс за 4 милиони фунти бидејќи тие пари им беа неопходни.
„Нема да врескаме од покривот за нашиот успех бидејќи знаеме што сè направивме да дојдеме во оваа позиција. Овој тим е скромен, знаеме дека не сме шампионски тим. Одиме напред, но не сме ’вистинскиот тим’. Знам дека нашите фанови ја сфаќаат реалноста. Пред пет години продадовме играч само да осигураме да имаме струја на стадионот. Сега ќе уживаме, но нема да заборавиме“, вели Дајч.
И покрај оваа смиреност, дел од навивачите веќе почнаа да „сонуваат“. Локалниот паб „Принсес ројал“ најави дека ако тој успее да ги однесе во Лигата на Европа, тие ќе го преименуваат пабот во „Дајч“.
„Да, нека стават фотографија од мене пред пабот за да се спречи пиењето алкохол на малолетни деца. Не сум сигурен дека да именуваат паб по тебе е причина за гордост, но би било чест за мене“, додава Дајч.
Шон Дајч ќе добие паб со неговото име ако Барнли влезе во Европа