Лидерот во Премиер лигата, Челси не успеа да го победи Барнли во 11.коло. Во терминот од 16 часот, сигурна победа забележа Кристал Палас, додека до првиот триумф во сезоната дојде Норич.
Челси, против аутсајдерот, имаше предност од еден гол, целосна доминација на теренот и на крајот не успеа да победи. „Сините“ упатија 25 удари кон голот на Барнли, имаа 69 отсто од поседот на топката.
Хаверц им донесе предност на Челси во 33.минута, бод на Барнли му обезбеди Чехот Видар на десет минути до крајот на мечот.
Со овој кикс се намали предноста на Челси на врвот на табелата. Челси има два бода повеќе од Манчестер сити и четири од Ливерпул кој има и натпревар помалку.
Норич кај Брендфорд успеа да ја запише првата победа во сезоната и да избега од последното емсто на табелата. Норман и Пуки во првите 30 минути му обезбедија сигурна предност на Норич. Хнери во 60.минута ги постави конечните 1:2.
Кристал Палас, со головите на Заха и Галагер, во вториот полувреме го победи Вулверхемптон со 2:0.