Top Sport

Барнли до тешко изборен поен против Сити (видео)

Тимот на Барнли не дозволи Манчестер сити да избега на 18 поени предност во Премиер лигата, откако во 82. минута израмни на 1:1 за заслужен поен против тимот на Пеп Гвардиола.

„Граѓаните“ на „Турф мур“ стигна до водство уште во 22. минута со фантастичниот гол на Данило од работ на шестнаесетникот, но Барнли не се предаде и по низата шанси во второто полувреме, Јохан Гудмундсон успеа да го совлада Едерсон по една добра акција на домашниот тим.

Новото засилување на Сити, Французинот Ајмерик Лапорт, кој дојде од Атлетик Билбао, не доби шанса за настап и остана на клупата, на која имаше само шест фубалери откако Гвардиола тврдеше дека „нема доволно играчи“ по неколкуте повреди на играчите.

Со поенот, Сити ја зголеми предноста пред Манчестер јунајтед на 16 поени (Јунајтед од 16 часот играат со Хадерсфилд), додека Барнли се на фантастичното седмо место со 36 поени. Сити имаа фантастични 71 отсто од поседнот на топката и 20 удари на голот, додека ривалите имаа само осум.

Scroll to Top