Top Sport

Барнли уште не е второлигаш – големи три поени против Саутемптон

Иако неодамна се разделија со долгогодишниот менаџер, Шон Дајч, Барнли најавуваат остра борба за опстанок во Премиерлигата, откако на „Турф мур“ со 2:0 го совладаа Саутемптон.

Конор Робертс ги донесе домаќините во водство уште во 12. минута, за Нејтан Колинс во 44. минута од мечот да го удвои водството, кое беше заддржано во фантастично борбен меч.

Со победата, Барнли дојде на 28 поени, само еден зад Евертон во безбедната зона, иако „карамелите“ имаат натпревар помалку – 31 во однос на 32 на Барнли. Саутемптон се на 13. место со 39 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top