Top Sport

Барнли веќе не е „бел“ клуб – потпиша со Арон Ленон

Откако францускиот весник „Л’Екип“, неодамна ги опиша Барнли како единствениот „целосно бел“ тим во Премиер лигата, тимот од северот на Англија одговори со потпис на Арон Ленон од Евертон.

30-годишниот Ленон имаше 15 настапи за Евертон оваа сезона, но за него најверојатно ќе немаше место во клубот откако тие го купија Тео Волкот од Арсенал.

„Барнли беше клубот во кој сакав да дојдам и едвај чекам да почнеме. Барнли направи огромен напредок во последно време и сакам да помогнам и мислам дека имам што да понудам. Имам само 30 години и заслужувам да бидам во елитата“, изјави Ленон.

Ленон, кој дојде во Евертон во 2015 откако помина една деценија во Тотенхем, пропушти поголем дел од сезоната откако беше приведен поради загриженост за неговото ментално здравје во април.

Но, тој сега вели дека е подготвен само за фудбал.

„Пропуштив доста натпревари последната година и сакам да се вратам и да играм што е можно повеќе“, изјави Ленон.

Л’Екип: Барнли е 100% бел премиерлигаш, во градот сè е како од минатиот век

Scroll to Top