Напаѓачот на Барнли, Ешли Барнс открива дека Јирген Клоп му пратил СМС-порака пред дуелот на неговиот клуб со Манчестер сити денеска, каде што на шега му кажал дека ќе потпише договор со него ако помогне во обидот на Ливерпул да ја освои титулата.
„Црвените“ се два поени пред Сити на врвот на Премиер лигата, но Сити имаат натпревар помалку, така што позитивен резултат за Барнли ќе значи враќање на приматот на Ливерпул.
„Вчера добив неколку пораки од навивачите на Ливерпул кои се шегуваа со мене, но тоа е во ред. Мене ќе ми значи сè победата против Сити. Клоп дури ми прати порака во која ми кажа дека може да потпише со мене следната сезона ,така што морам да бидам внимателен. Ако им помогнеме, ние ќе влеземе во историјата на Ливерпул“, вели Барнс.
Тој има одличен скор против најдобрите премиерлигаши – постигна голови против Арсенал, Тотенхем, Челси и Манчестер јунајтед оваа сезона, додека во минатото има голови и против Сити и Ливерпул.