Top Sport

Бен Арфа им „врати“ на ПСЖ: Веќе се навикнаа на кам-бек порази

Хатем Бен Арфа сигурно беше еден од најсреќните луѓе на светот откако Рен успеа да се врати за изненадувачка победа над Пари Сен-Жермен на пенали во финалето на Францускиот куп, и додаде дека неговиот поранешен клуб веќе се навикнал на губење водство во големи мечеви.

32-годишниот Бен Арфа имаше „пеколен“ престој на „Паркот на принцовите“, откако беше натеран да тренира сам целата сезона 2017/18 пред да замине во Рен. Тој беше во конфликт со поранешниот тренер Унаи Емери, но и со сопствениците на тимот, и вели дека иако нема ништо против самиот клуб, додава дека тие се навикнати на капитулации – по поразите од Манчестер јунајтед и Барселона во Лигата на шампионите последните две сезони.

„Извлековме ремонтада (кам-бек), но ПСЖ се веќе навикнати на тоа. Немам ништо против тимот, само против тие кои го водат. Посебно се, посебно кон претседателот на ПСЖ, Насер. Никогаш не треба да го потценуваш противникот во животот, бидејќи еден ден тоа ќе ти се врати. Еден ден како мене и Адриен Рабио ќе биде добар против ПСЖ“, објасни Бен Арфа.

Бен Арфа и „пеколот“ на „Паркот на принцовите“

Scroll to Top