Ливерпул можеби му дадоа на Мохамед Салах нов петгодишен договор, но поранешниот фудбалер на „црвените“, Џон Барнс вели дека тие веднаш би го продале ако се појават Реал Мадрид со 200 милиони фунти на масата.
Салах, по блескавата прва сезона со Ливерпул со 44 гола, стана вистински херој на навивачите, и иако тимот на Јирген Клоп според Барнс „не сака да продава“, неизвесноста во Реал Мадрид по најавеното заминување на Кристијано Роналдо значи дека шпанскиот гигант ќе биде подготвен да даде многу пари за засилувања.
„Тоа што Салах го потпиша новиот договор не значи дека Ливерпул нема да го продадат. Секој клуб е таков. Ако дојдат Реал Мадрид со 200 милиони фунти, тогаш тој веднаш ќе замине. Роналдо може да замине, Роберт Левандовски исто така, а и Нејмар може да оди од ПСЖ ако цената е вистинска“, вели Барнс.
Фото: ЕПА