На Ливерпул во јануари не му биле потребни нови играчи смета поранешниот фудбалер на „црвените“, Џон Барнс. Ливерпул нема пораз во Премиер лигата (15 победи и едно реми), а во Лигата на шампионите избори пласман во осмина-финалето.
„Не ја гледам логиката зошто би носеле нови играчи во јануари? Кога би можеле да го донесат Меси тогаш тоа би били сјајно. Вака, Клоп има одличен тим“, рекол Барнс.
„Не постои фудбалер со чии трансфер стартната постава би станала уште посилна. Задоволен сум како досега се функционира“.
Англиските медиуми најавуваа дека клубот од „Енфилд“ покажува интерес за Џејдон Санчо, меѓутоа информациите ги демантираше менаџерот Клоп.