Top Sport

Барнсли го отпуштија тренерот, тој „прослави“ со пиво и текила со навивачите (видео)

Даниел Стендел реши да се „опушти“ со неколку чашки текила со навивачите на Барнсли во средата навечер, неколку часа откако англискиот второлигаш го отпушти.

Германецот беше наречен „легенда“ од собраните навивачи откако се најде со нив во пабот „Герисон“ во Барнсли, каде што фановите му приредија неофицијално испраќање од клубот пред враќањето во Германија.

45-годишниот Стендел е популарен кај навивачите откако минатата сезона ги предводеше од третата во втората лига, но во Чемпионшип не му одеше толку добро – тој победи само еден во 11 мечеви досега и 5:1 домашниот пораз во саботата од Престон беше доволен за отказ.

Scroll to Top