Top Sport

Барса бара начин како да се ослободи од Феран Торес

Барселона планира да го продаде или да го испрати шпанскиот репрезентативец Феран Торес на едногодишна позајмица, пренесуваат шпанските медиуми.

Торес (23) е дете на Валенсија, каде што ја започна професионалната кариера. За Валенсија играше до 2020 година, кога се пресели во Манчестер сити. Во Англија не се снајде и по 18 месеци за 55 милиони евра пристигна во Барселона.

Ниту во Барселона не го покажа целиот потенцијал.

Шпанските медиуми тврдат дека раководството на каталонскиот клуб е незадоволно од настапите на Торес и бара начин да го продаде или да го испрати на едногодишна позајмица.

Барселона наводно бара 40 милиони евра за шпанскиот репрезентативец, но ниту еден клуб не покажал интерес за Феран, кој најверојатно ќе замине на позајмица.

Торес минатата сезона одигра 45 натпревари за Барселона и постигна седум гола.

Scroll to Top