Top Sport

Барса бесплатно го пушти Суарез во Атлетико

Луис Суарез од Барселона ќе се пресели во Атлетико Мадрид. Шпанските медиуми трансферот го нарекуваат „бомба“. Уругваецот експресно најде нов клуб откако Роналд Куман му порача дека не му е потребен во Барселона.

На Суарез најпрвин му пропадна трансферот во Јувентус, а откако Алваро Мората прифати да се врати во редвовите на „старата дама“, Уругваецот без размислување го прифати повикот од Диего Симеоне. Напаѓачот прифати да игра и за значително помала плата, во Атлетико годишно ќе заработува 7.500.000 евра.

Барселона од трансферот на Луис Суарез нема да заработи ништо. Каталонците слично постапија и со Иван Ракитиќ и Артуро Видал. Она што е добро за Барселона е што значително го намалија буџетот предвиден за плати.

Барса ќе заработи од Суарез само доколку биде исполнет една клаузула во договорот. Доколку Атлетико во наредните две сезони стигнат најмалку до четврт-финалето во Лигата на шампионите тогаш Атлетико ќе мора да уплатат 2.000.000 евра.

Scroll to Top