Фудбалерите на Барселона попладнево во Мадрид, против Хетафе, ќе се обидат да ја забележат првата гостинска победа во Ла Лига оваа сезона.
Барселона веќе има два порази на гостувањата, а податокот дека Тер Штеген примил веќе десет гола делува неверојатно.
Актуелните шампиони до победата кај незгодниот ривал ќе се обидат да стигнат без Лионел Меси и тинејџерот Ансу Фати. Младиот фудбалер е еден од ретките играчи на Барселона кој нешто покажа од почетокот на сезоната.
Фати се здобил со повреда, што значи дека тренерот Валверде во нападот ќе ги има Луис Суарез, Гризман, Дембеле и Перез.
Дуелот на „Алфонсо Перез“ стадионот во Мадрид помеѓу Хетафе и Барселона ќе започне во 16 часот.