Со дуелот Валенсија – Хетафе вечерва од 21 часот започнува новата сезона во шпанската Ла Лига.
Минатата сезона донесе многу возбудувања, пред се кога станува збор за шампионот. Атлетико Мадрид успеа пред Барселона и Реал Мадрид да стигне до титулата, пред се благодарение на одличниот Луис Суарез.
Се очекува нова возбудлива сезона иако двата големи ривали Реал Мадрид и Барселона летово останаа без своите долгогодишни капитени – Серхио Рамос и Лионел Меси. Двајцата новата сезона ќе ја започнат во нов клуб – француски ПСЖ.
Во Атлетико немаше значајни промени во преодниот рок.
Кај Реал си замина Рафаел Варан, а дојде Давид Алаба.
Во Барселона нови играчи се Серхио Агуеро, Ерик Гарсија и Мемфис Депај.
Вљубениците во фудбалот во Шпанија ќе можат до 40% од капацитетот да ги пополнат трибините на стадионите на Пиринеите, па аплаузите ќе сега ќе одат за: Бензема, Марсело, Суарез, Агуеро, Депај, Гризман, Кокелан, Макси Гомез, Парехо, Навас, Мунир и други.