Барселона го победи на „Ноу Камп“ последно пласираниот Елче со 3:0, во натпревар од шестото коло на Ла Лига. Каталонците без проблем стигнаа до триумфот против Елче и го скокнаа Реал Мадрид на табелата, кој има максимален скор досега, но и натпревар помалку.
Барселона влезе како апсолутен фаворит во дуелот со „фенерџијата“, а работата им стана уште полесна кога во 14.минута беше исклучен капитенот на гостите Верду.
Избраниците на Чави ја искористија предноста од играч повеќе. Левендовски постигна гол во 34. минута, а седум минути подоцна мајсторија изведе Депај. Со вториот гол во 48.минута Левендовски го постави конечниот резултат.
Играчите на Барселона упатија 21 удар кон голот на Бадија, додека единствениот обид да се загрози Тер Штеген, Елче го имаше во 90.минута.