Барселона не успеа да направи предност во првиот меч од осминафиналето на Лига Европа против турскиот гигант Галатасарај, одигрувајќи само 0:0 на „Ноу Камп“ за сега да ги чека тешко гостување во Истанбул во трка за трофеј оваа сезона.
Европските надежи за Црвена звезда пак беа „потопени“ со 3:0 пораз кај Глазгов Ренџерс, додека најинтересно беше во Бергамо, каде што Аталанта стигна до 3:2 победа над Баер Леверкузен, предводени од голот и двете асистенции на Украинецот Руслан Малиновски.
Арангиз ги донесе Баер во водство против Аталанта уште во 11. минута, за во 23. минута Малиновски да израмни на 1:1, пред да му асистира на Луис Муриел за пресврт и 2:1. Истото партнерство во 49. минута донесе предност од два гола за Аталанта, пред Муса Дијаби во 63. минута да намали на 3:2.
Звезда пак и нивната прва ѕвезда Александар Катаи немаа среќа во Глазгов – на Катаи му беа поништени два гола поради офсајд, и утна пенал, а Ренџерс дојдоа до брзо водство кое не го испуштија до крајот. Таверниер од пенал ги донесе домаќините во водство во 11. минута, пред Алфредо Морелос само две минути подоцна да зголеми на 2:0, за Леон Балогун во 51. минута да ја потврди победата.
ЛИГА ЕВРОПА, 1/8 ФИНАЛЕ, ПРВ МЕЧ
Аталанта – Баер Леверкузен 3:2
Барселона – Галатасарај 0:0
Брага – Монако 2:0
Ренџерс – Црвена звезда 3:0