Top Sport

Барса без тренерот Чави отпатува во Америка

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез (42) не може да патува во САД со остатокот од тимот. Барселона оди на летна турнеја во САД каде ќе одигра четири натпревари, но тимот ќе го започне патувањето без тренерот Чави.

Проблемите со пасошот го пролонгираа заминувањето на Чави. Со оглед на тоа што неколку пати гостуваше во Иран како тренер на Ал Сад во Катар, потребна му е посебна дозвола за влез во САД.

Поради ова, Чави ќе мора да почека до понеделник за да поднесе дополнителна документација и потоа ќе се приклучи на остатокот од тимот на летната турнеја.
Првиот предизвик Каталонците го имаат на 19.јули во Мајами против тимот на Дејвид Бекам, Интер. На 23. јули на стадионот во Лас Вегас Барса ќе игра против најголемиот ривал, Реал Мадрид.

Дуел со уште еден европски великан, Јувентус, ќе очекува на 26.јули во Далас. Турнејата во САД, Барса ќе ја заврши на 30.јули во Њујорк, против Њујорк Ред бул.

Scroll to Top