Барселона е подготвена да ги „сослуша“ сите понуди за Филипе Кутињо, но Бразилецот нема да заврши во Манчестер јунајтед, туку во Пари Сен-Жермен, тврди порталот „Гол“.
Кутињо подолго време е несреќен во Каталонија, каде што големите очекувања по трансферот од Ливерпул не се остварија, така што и самиот Бразилец би сакал да добие втора шанса. Сепак, враќање во Премиер лигата не е опција за него, бидејќи неговото семејство наводно се мачело со адаптацијата на животот во Англија.
ПСЖ е единствен клуб надвор од Премиер лигата кој би бил подготвен да ги исплати високите плати на Кутињо (2.3 милиони евра месечно без платен данок), а таму тој исто така би се чувствувал удобно во друштво на колегите од репрезентацијата Нејмар, Тијаго Силва и Маркињос.
Бордот на Барса е подготвен да го продаде за 80 милиони евра, значително намалување од 120-те милиони кои ги платија на Ливерпул во јануари 2018 година. Кутињо има само 16 старта за Барселона оваа сезона и од јануари нема комплетирано цел меч.