Top Sport

Барса биле заинтересирани за Никола Миленковиќ

Барселона се подготвувале во своите редови да го донесат српскиот репрезентативец од Фиорентина Никола Миленковиќ, пишуваат италијанските медиуми.

На „Ноу Камп“ бараат играч кој треба да го заземе место на Самуел Умтити. Францускиот репрезентативец по повредата не може да се врати во препознатливата форма поради шт е извесно дека Барса ќе се обидат да го продадат во зимскиот преоден рок.

Италијанските медиуми пишуваат дека Фиорентина биле подготвени да ги разгледаат понудите за 22 годишниот Миленковиќ, но дека нема да го продадат по секоја цена.

Тоа значи дека Барселона ќе мора да понудат околу 40 милиони евра за играчот кој подеднакво добро игра како централен дефанзивец и десен бек.

Летото во 2018 година Атлетико Мадрид понудиле 35 милиони евра за овој фудбалер. Тогаш во Фиренца за него барале 50 милиони евра.

Миленковиќ играч на Фиорентина стана во 2017 година. За неговиот трансфер од Партизан „виолетовите“ издвоиле пет милиони евра.

Scroll to Top