Top Sport

Будуќност се засилија со Килпатрик

Американскиот кошаркар Шон Килпатрик е нов играч на Будуќност од Подгорица. Клубот на својот профил на „Твитер“ објави дека е постигнат договор без да соопшти детали од трансферот.

Шон Килпатрик изминатите денови се поврзуваше со белградски Партизан, меѓутоа 193 сантиметри високиот бек решил да ја прифати понудата од Подгорица.

Минатата сезона Американецот играше во Панатинаикос. Сезоната ја заврши со просек од 9,2 поени по натпревар.

Килпатрик има завидно НБА искуство, за четири години одиграл 157 наторевари за Минесота, Денвер, Бруклин, Милвоки, Лос Анџелес Клиперс и Чикаго.

Scroll to Top