Top Sport

Барса четири недели без Роберто

Фудбалерот на Барселона Серхи Роберто поради повреда на мускулот нема да биде во можност да им помогне на соиграчите во наредните четири недели.

Роберто е прва опција на позицијата десен бек во Барселона. Тој не играше во саботата против Еибар, а клубот објави дека го очекува пауза од најмалку четири недели.

Кике Сетиен на оваа позиција го има Португалецот Нелсон Семедо.

Инаку ова е голем проблем за Барселона бидејќи и првата опција на левата бековска позиција Жорди Алба нема да игра во наредните три недели.

Серхи Роберто поради повредата ќе ги пропушти дуелите со Наполи во Лигата на шампионите, но важните натпревари во првенството против Реал Мадрид, Реал Сосиедад и Мајорка.

Од почетокот на сезоната овој 28 годишник има одиграно 29 натпревари во сите конкуренции на кои постигнал еден гол.

Scroll to Top