Top Sport

Милвоки Бакс го урнаа рекордот на Голден стејт

Водечката екипа во НБА лигата Милвоки Бакс (48/8) веќе избори пласман во разигрувањето за шампионската титула.

Екипата во која прва ѕвезда е Јанис Адетокумбо на 23 февруари (по американско време) благодарение на поразот на Вашингтон Визардс од Чикаго Булс два месеци пред почетокот на плејофот и теоретски избори пласман меѓу најдобрите осум на Истокот.

Ова е историски резултата за Бакс, никој досега толку бргу не се пласирал во плејофот. Претходниот рекорд беше во сопственост на Голден стејт кои во сезоната 2015/16 место во плејофот обезбедија на 25 февруари.

Scroll to Top