Фудбалскиот клуб Барселона на Тотенхем ќе му понуди двајца фудбалери во замена за Тангиј Ндомбеле тврди „Скај Спортс“.
Според овој извор Барселона има намера да додаде малку „мускули“ во својот ред за врска поради што нивна цел е францускиот репрезентативец. Ндомбеле, иако има лоша сезона во Премиерлигата е процене на 54 милиони фунти.
Овој фудбалер минатото лето за клупски рекорд од 60 милиони евра од Лин пристигна во Тотенхем.
Поради финансиската криза Барселона нема пари да го палти неговиот трансфер, но може на Тптенхем да му понуди двајца фудбалери, Нелсон Семедо и Самуел Умтити. Интересно овие фудбалери Барселона им ги понуди и на Интер во замена за Лаутаро Мартинез.
Прашање е само дали Жозе Мурињо е заинтересиран за овие двајца.