Top Sport

Барса доби конкурент во трката за потписот на Брозовиќ

Пука љубовта помеѓу Марцело Брозовиќ и Интер. Хрватот, оваа сезона нема место во тимот, најчесто влегува како резерва. Како сега стојат работите тој во летниот преоден рок ќе го напушти Интер.

„Марсело Брозовиќ ќе биде едно од најистакнатите имиња во преодниот рок следното лето. Фудбалерот на Интер е еден од најценетите играчи од средниот ред и неговата ситуација внимателно ја следи Барселона. Сега Барселона доби нов конкурент, Атлетико Мадрид“, пишува шпански „Спорт“.

Атлетико ја подобри формата во 2023 година, но ќе бара нови решенија кои би им донеле повеќе опции во редот за врска за следната сезона. Еден од нив е Брозовиќ.

Покрај Барселона, а сега и Атлетико, интерес за Хрватот покажуваат и ПСЖ и Челси.

Scroll to Top