Top Sport

Барса доби понуда за „позајмување“ на името во Катар за 100 милиони евра годишно

Финансиските проблеми кои ги има Барселона последните неколку години се добро документирани, и токму поради тоа нивните трансфери во летниот преоден рок се ограничени, но тие можат да најдат брзо решение доколку ја прифатат понудата од Катар.

Според шпанските медиуми, засега неименуван катарски клуб им нуди на Барселона фантастични 100 милиони евра за да дозволат користење на името на Барселона за нивниот клуб. На овие шпекулации се надополнува и неодманешната посета на претседателот на клубот, Жоан Лапорта на Катар. Ако се исполни оваа зделка, би се решиле многу проблеми за клубот ова лето, но и во иднина.

Scroll to Top