Top Sport

(Галерија) Фудбалерките со фотосесија за „Калвин Клајн“ пред СП

Пред Светското првенство во фудбал, кое почнува на 20 јули, американската ѕвезда Алекс Морган и британската ѕвезда Клои Кели, имаа „жешка“ фотосесија за „Калвин Клајн“.

Тимот на македонскиот тренер Влатко Андоновски влегува на шампионатот во Австралија и Нов Зеланд како прв фаворит за златниот медал со Морган во составот, додека Кели, која ги предводеше Англичанките до злато на ЕП минатата година, ќе биде сериозен противник на мериканките.

„Калвин Клајн“ ја почнаа кампањата со име „Калвин или ништо“ за прослава на „силната и спортската подготвеност“ на фудбалерките, а покрај Кели и Морган во кампањата се влучени и Австралијката Мери Фаулер и Јапонката Мана Ивабучи.

Scroll to Top