Барселона има желба да го врати Лионел Меси во клубот, а Аргентинецот сака да се врати „дома“.
Финансиската (не)стабилност на Барселона не го дозволува трансферот на Меси и покрај тоа што тој е слободен играч. Клубот од „Ноу Камп“ има план и ќе се држи до него за Чави да го има најдобриот во историјата во своите редови.
Денеска се одржа состанок со челниците на Примера и Барселона, темаа беше потенцијалниот трансфер на Лионел Меси. Луѓето од Барселона им го презентирале планот на челниците на лигата.
„Планот за физибилити е прифатен. Враќањето на Меси во Барселона сега е финансиски изводливо“ , пишуваат одредени медиуми блиски до Барселона.
Лионел Меси има профитабилни понуди од истокот, но неговата желба е јасна, не сака пари, сака да се врати во Барселона и тука да ја заврши кариерата.