Top Sport

Барса е највреден фудбалски клуб на светот, Јунајтед испадна од топ 3

Барселона го претекна вечниот ривал Реал Мадрид како највреден клуб на светот на годишната листа која ја објавува магазинот „Форбс“, додека Манчестер јунајтед го загуби третото место од европскиот и светски шампион Баерн Минхен.

Каталонците, кои се мачат со својот огромен долг од над милијарда евра, според „Форбс“ вредат фантастични 4.76 милијарди долари, за 10 милиони повреден од Реал Мадрид, додека Баерн сега се трети со 4.22 милијарди долари вредност.

И покрај тоа што шпанските гиганти постојано се највредните на светот, зачудува што во топ 10 има дури шест премиерлигаши. Покрај Манчестер јунајтед, сега четврти, тука се и Ливерпул, Манчестер сити, Челси, Арсенал и Тотенхем, покажувајќ дека не се потребни титули за да се заработуваат многу пари во фудбалот. Исто така изненадува што Италија нема ниту еден клуб во топ 10 и само четири во топ 20.

ФОРБС ЛИСТА НА НАЈВРЕДНИ ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ

1.Барселона 4.76 милијарди $

2.Реал Мадрид 4.75 милијарди $

3.Баерн Минхен 4.22 милијарди $

4.Манчестер јунајтед 4.2 милијарди $

5.Ливерпул 4.1 милијарди $

6.Манчестер сити 4 милијарди $

7.Челси 3.2 милијарди $

8.Арсенал 2.8 милијарди $

9.Пари Сен-Жермен 2.5 милијарди $

10.Тотенхем 2.3 милијарди $

11.Јувентус 1.95 милијарди $

12.Борусија Дортмунд 1.9 милијарди $

13.Атлетико Мадрид 1 милијарди $

14.Интер 743 милиони $

15.Евертон 658 милиони $

16.Милан 559 милиони $

17.Рома 548 милиони $

18.Вест хем 508 милиони $

19.Лестер 445 милиони $

20.Ајакс 413 милиони $

Scroll to Top