Top Sport

Барса едвај преживеа во Билбао, но на крајот го победи Атлетик

Барселона оствари минимален триумф (0:1) на гостувањето против Атлетик Билбао и со девет бода предност ќе го чека новото „Ел Класико“ против Реал Мадрид следната недела. Каталонскиот тим имаше многу среќа, но и одлично се бранеше, а победничкиот погодок го постигна Бразилецот Рафиња во 45.минута од мечот. Тој на прекрасен начин ја затресе мрежата на домаќинот.

Атлетик Билбао имаше одлични шанси за израмнување во финишот, дефанзивците спасуваа од гол-линијата, а во 87.минута не беше признат голот на Ињаки Вилијамс, по прегледување на ВАР-снимката. Се покажа дека Икер Муниаин претходно играл со рака во текот на акцијата.

Scroll to Top