Top Sport

Барса ги победи Атлетико и Ливерпул во трката за Маја

Челниците на фудбалскиот клуб Барселона го обезбедиле потписот на младиот бразилски фудбалер Густаво Маја.

Барселона и Сао Паоло потпишале преддоговор. Каталонците на сметката на бразилскиот клуб ќе уплатат еден милион евра, но и дополнителни 3,5 милиони евра за да обезбедат 70 отсто од економските права. Останатите 30 отсто ќе им останат на Сао Паоло. Бразилците овие 30 отсто ќе можат да ги наплатат од евентуалниот нареден трансфер на 19 годишниот фудбалер.

„Марка“ пишува дека за тинејџерот, кој се уште не е афирмиран во сениорскиот фудбал, во серизна трка со Барселона биле Атлетико Мадрид и Ливерпул.

Scroll to Top