Top Sport

Крај на сезоната во ВТБ лигата – нема шампион

ВТБ, регионалната лига на Русија, Белорусија, Естонија, Казахстан и Послка без да прогласи шампион објави крај на сезоната.

Клубовите се согласиле со предлогот дека е најдобро да биде ставен крај на сезоната, за да можат кога ќе заврши пандемијата со коронавирусот да ги започнат подготовките за новата сезона.

Од основањето на лигата во 2008 година, со исклучок на сезоната 2010/2011, секоја сезона шампиони беа кошаркарите на ЦСКА Москва. Во 2010/2011 титулата замина кај Химки.

ЦСКА Москва има „А“ лиценца за настап во Евролигата, а се претпоставува дека Химки ќе добие специјална покана од Евролигата за настап во наредната сезона.

Scroll to Top