Top Sport

Барса ги регистрираше летните засилувања (освен Жил Кунде)

Барселона, конечно, успеа да регистрира повеќе од своите летни засилувања пред стартот на Ла лига овој викенд, и засега „извиси“ само Жил Кунде, тврди „ЕСПН“.

Тимот на Чави Ернандез ја почнува сеозната утре на „Нои Камп“ против Рајо Валјекано, и до вечерва беше неизвесно со каков состав ќе може да излезе на теренот поради барањето на Ла лига за финансиска стабилност за регистрација на засилувањата. Барса потроши над 150 милиони евра на Роберт Левандовски, Рафиња и Кунде, додека Андреас Кристенсен и Франк Кеси пристигнаа како слободни играчи и до петокот ниту еден од нив не беше регистриран.

Кунде, кој пристигна од Севилја, како и Усман Дембеле и Серхи Роберто, кои ги продолжија договорите, уште не се регистрирани и нема да можат да настапат против Рајо.

Ова доаѓа откако Барса продаде уште 24.5 отсто од „Барса студиос“, компанијата задолжена за официјалните дресови и друга спортска опрема. Претходно тие продадоа 25 отсто од ТВ-правата во следните 25 години на „Сикст стрит“ за 511 милиони евра, како и 24.5 отсто од „Барса студиос“ на „Сосиос“ за 100 милиони евра.

Scroll to Top