Top Sport

Барса го најде наследникот на Иниеста

Барселона во јануарскиот преоден рок има намера во своите редови да го донесе 21-годишниот Бразилец Артур, кој во моментов е член на актуелниот првак на Јужна Америка, Гремио.

Барселона смета дека дека овој фудбалер може да биде вистинската замена за Андрес Иниеста кој се доближува до завршување на кариерта.

Артур неодамна потпиша нов договор со клубот, а откупната клаузула изнесува 50 милиони евра.

Во финалето на Копа Либертадорес, Артур бил следен од техничкиот директор на Барселона, Роберт Фернандез.

Интересно, Артур, минатата недела се фотографираше во дресот на Барселона, што само ги зголеми шпекулациите дека тој наскоро ќе пристигне на „Ноу Камп“.

Scroll to Top