Top Sport

Перез до Нејмар: Во Реал полесно ќе ја освоиш Златната топка

Иако пред само четири месеци Нејмар за рекорден трансфер од Барселона се пресели во ПСЖ, многумина тврдат дека во поблиската иднина Бразилецот ќе го облече дресот на Реал Мадрид.

Актуелниот европски и шпански првак имаже желба да го донесе Нејмар уште во времето додека тој беше член на Сантош, но таа „војна“ ја доби Барселона која на контроверзен начин го реализира трансферот, поради што тогашниот претседател Сандро Росел заврши в затвор.

Меѓутоа првиот човек на Реал, Флорентино Перез никогаш не се откажал од идејата Нејмар да заигра на „Сантијаго Бернабеу“.

„Сигурен сум дека ќе му биде полесно да ја освои Златната топка доколку игра во нашиот тим. Реал е клуб во кој имате се што ви е птребно да станете голем играч. Не кријам дека еднаш се обидов да го донесам во Мадрид“, порачал Перез на свечената вечера по повод доделувањето на Златната топка, која петти пат во кариерата ја освои Кристијано Роналдо.

Scroll to Top