Барселона и Манчестер јунајтед, до крајот на преодниот рок, би можеле да си ги разменат десните бекови. Станува збор за Сержињо Дест и Арон Ван-Бисака, кои не се во плановите на Чави Хернандез и Ерик тен Хаг.
Дест не настапи за Барселона во првите три кола, во Примера, додека Ван Бисака, играше финишот во дербито против Ливерпул.
Се шпекулираше дека Ван Бисака би можел да се врати во Кристал Палас каде сигурно би бил стартер. Тоа нема да биде случај во Барселона. Чави синоќа против Ваљадолид на десен бек играше со Жил Кунде, а негова атернатива ќе биде искусниот Серхи Роберто.
Доколку се случи трејдот, не е познато дали тоа ќе биде трејд играч за играч, или ќе некој ќе мора плус да издвои и одредена сума на пари.