Top Sport

Барса го обновува интересот за Лаутаро

Шпанските медиуми тврдат дека Барселона ги обнови преговорите со Интер за аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез по големите „потреси“ во каталонскиот клуб.

Според „Марка“ и каталонскиот „Спорт“, Блауграна се во потрага за големи засилувања ова лето и Аргентинецот повторно е прва мета, откако претходно дозволија да истече клаузулата за откуп од 111 милиони евра.

Се веруваше дека Барса се откажа од голем трансфер ова лето поради пандемијата на корона вирусот и влијанието на финансиите на клубот, но по 8:2 поразот од Баерн Минхен, многу работи се сменија во тимот, вклучувајќи го и тренерот, и сега Роналд Куман бара засилување за нападот.

23-годишниот Лаутаро постигна 21 гол и имаше 7 асистенции во 49 меча за Интер оваа сезона, градејќи ја својата репутација и на Барса најголем проблем ќе и претставува цената од 100 милиони евра која ја бара Интер. Барса се надева дека ќе склучи договор за 70-тина милиони евра.

Scroll to Top