Top Sport

Барса го освои „Бернабеу“ во првата рунда од Копа дел реј

Барселона ќе го пречекa Реал Мадрид на 5 април на „Ноу Камп“ во реваншот од полуфиналето на Копа дел реј со предност од 1:0, откако во цврст меч стигнаа до нова победа над лутите ривали, овојпат на нивниот „Сантијаго Бернабеу“.

Мечот започна со топка во мрежата на гостите, но голот на Карим Бензема беше поништен поради офсајд, пред во 26. минута од мечот, Френк Кеси да се најде сам пред голот на Тибо Куртоа во убава акција, и неговиот обид се одби од Едер Милитао и заврши во голот на Реал.

По ваквиот почеток, Реал Мадрид ја имаше иницијативата и далеку повеќе од поседот на топката од над 60 отсто, но никако не успеа да стигне до погодок. Кеси повторно имаше совршена шанса да зголеми на 2:0, но неговиот удар беше блокиран од колегата Ансу Фати.

Во второто полуфинале од Копа дел реј, вчера Осасуна стигна до 1:0 победа над Атлетик Билбао во првиот меч.

Scroll to Top