Top Sport

Барса го отпишаа Ракитиќ, тој го одбрал Јувентус

Спортскиот директор на Барселона Ерик Абидал го отпишал Иван Ракитиќ од тимот. Во разговор за „Мундо Депортиво“ тој рекол дека Ракитиќ ја знаел одлуката околу неговата иднина.

„Ракитиќ знае дека постои спортска одлука шт треба да ја разбере. Известен е дека не е дел од нашите планови“, рекол Абидал.

Ракитиќ веќе пет години е играч на Барселона. За услугите на овој 31 годишен фудбалер интерес има кај Манчестер Јунајтед, Милан, Интер и Атлетико Мадрид, меѓутоа тој имал само една желба.

Хрватскиот репрезентативец сакал да се пресели во Јувентус. Прашање е само колку пари ќе бараат од Барселона за него. Во летниот преоден рок Јувентус не сакале да платат 35 милиони евра.

Наводно тој во Торино би заработувал осум милиони евра годишно.

Scroll to Top