Top Sport

Португалија ги скрши Луксембург, реми помеѓу Србија и Луксембург (Видео)

Актуелните европски шампиони, репрезентативците на Португалија, во последното коло преку Б-групата изборија пласман на ЕУРО 2020. Португалците победија во Луксембург 2:0, а во оваа група Србија и Украина одиграа 2:2

Португалците по тешкиот терен во Луксембург се намачија за да дојдат до посакуваната победа. Отпорот на домаќините го скрши Бруно Фернандеш во 39 минута, а победата ја Потврди Кристијано Роналдо во 86 минута. Роналдо го постигна 99 гол за националниот тим.

Србија два пати водеше во дуелот со Украина, но не успеа да победи. Тадиќ реализираше удар од белата точка во деветтата минута, а до крајот на полувремето израмни Јаремчук. Нова предност на Србите им донесе Митровиќ во 56 минута, а Украинците останаа непоразени благодарение на Беседин кој погоди буквално во последниот напад на мечот.

Украина без пораз заврши на првото место во групата со 20 бода, три повеќе од Португалија, Србија заврши со 14, Луксембург со четири, а Литванија со еден бод.

Србија ќе има шанса преку баражот во Лигата на нации да избори место на ЕУРО 2020.

Scroll to Top