Самуел Умтити ќе мора да ја напушти Барселона во летниот преоден рок. Челниците на клубот му порачале на Умтити дека ќе ја доживее судбината на Артур Мело. Бразилецот минатиот месце буквално беше натеран да ја прифати размената за Пјаниќ и да се пресели во Јувентус.
Умтити по Светското првенство во 2018 година има многу проблеми со повредите, поради што никако не може да се врати во посакуваната форма. Интерс за него постои кај неколку клубови, но проблем за Барселона е што тој не сака да замине. Францускиот репрезентативец има годишна плата од 12 милиони евра.
Дефанзивецот е играч на Барселона од 2016 година, за четии сезони одиграл само 116 натпревари.