Top Sport

Барса го пуштија Суарез во Арсенал

Барселона и Арсенал постигнале договор околу Денис Суарез. Каталонците се согласиле да го отстапат својот фудбалер, а Арсенал ќе имаат обврска по завршувањето на сезоната да го откупат неговиот договор.

Од почетокот на годината траеше сагата околу талентираниот играч од редот за врска на Барселона Денис Суарез. Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, изрази желба да го види во својот тим овој фудбалер.

Касата на Арсенал е празна за овој преоден рок, а Барселона не сакаат да го позајмат.

Денес сепак клубовите постигнале договор, Барселона ќе добие три милиони евра, бидејќи ќе го испрати својот фудбалер на позајмива во Арсенал, а клубот од Лондон ќе има обврска по завршувањето на сезоната да го откупи неговиот договор за сума од приближно 25 милиони евра.

Scroll to Top