Top Sport

Барса и Реал се борат за најдобриот играч на Динамо Загреб

Барселона и Реал Мадрид ќе воделе жестока битка во обод да го обезбедат потписот на играч на Динамо Загреб, Дани Олмо, пишува „Лекип“. Според овој извор од Динамо би го одобриле трансферот за 25 милиони евра.

„Лекип“ пишува дека Барселона веќе ја подготвиле оваа сума. Олмо во 2014 година од младинските категории на Барселона заминал во Загреб. 20-годишниот фудбалер неколку пати истакнал дека би сакал да се врати во Барселона.

Од друга страна најголемите спортски ривали на Барса, Реал Мадрид, биле подготвени да лицитираат и нивната прва понуда би изнесувала 26 милиони евра.

Дека фудбалските великани сериозно се заинтересирани за Олмо пишува и „Марка“.

„Дано Олмо со своите квалитети го привлекува вниманието и на Реал и на Барселона. Клубовите се подготвени да војуваат за неговиот потпис“, најавува шпанскиот весник.

Олмо оваа сезона имаше импресивни настапи во Лига Европа, поради што го привлече вниманието на големите тимови. Тој беше и во конкуренција за наградата „Златно момче“, која му се доделува на најдобриот млад играч во Европа. Наградат му припадна на Килијан Мбапе од ПСЖ.

Олмо има одиграно 52 натпревари за Динамо на кои постигнал 10 гола. Има настапи за сите шпански младински селекции.

Scroll to Top